Истражување: ГЛП-1 лековите за слабеење го намалуваат ризикот од рак за 41 отсто

Лековите за слабеење засновани на рецепторот ГЛП-1 се поврзани со намалување од 41 отсто на опасноста од рак поврзана и со тежината, и тоа кај пациенти со дебелина без дијабетес, посочуваат новите научни испитувања. Написот е објавен во „Анали на онкологијата (Annals of Oncology)“, а истражувањето опфати повеќе од 229.000 пациенти од САД. Ова е прво проучување од ваков вид кај популација без дијабетес.
Лековите како „Оземпик (Ozempic)“, „Вегови (Wegovy)“, „Мунџаро (Mounjaro)“ или „Зепбаунд (Zepbound)“ беа споредени со диета и вежбање. Резултатите покажаа значително намалување на опасноста кај мажите – речиси 70 отсто, и кај ракот на матката – 58 отсто.
Инаку, 13 вида рак се поврзани со дебелината и сочинуваат околу 40 отсто од дијагностицираниот рак во земјите со високи приходи. Нивната инциденца расте брзо кај помладите возрасни лица. Д-р Апарна Камат од Методистичката болница во Хјустон, САД, смета дека наодите „би можеле да го трансформираат начинот на којшто размислуваме за превенција од рак“, но предупреди дека податоците не докажуваат причина и последица.
– Намалувањето на опасноста од рак сè уште не треба да биде самостојна причина за препишување ГЛП-1 лекови… Но, кај пациентите кои веќе се кандидати за овие лекови, податоците даваат дополнителна и потенцијално важна причина за тој разговор, рече таа.
ГЛП-1 лековите беа развиени за лекување дијабетес, но во овој миг се најшироко користениот лек за слабеење. Во таа смисла, бројот на недијабетични пациенти со зголемена тежина во САД кои користат ваков лек се зголеми од 21.000 во 2019 година на повеќе од 174.000 до 2023 година.
МИА
Ново на Сител
-

Почна трката за генерален секретар на ОН, шест кандидати дебатираа пред Генералното собрание
-

Арагчи: Опасен преседан најавите на Трамп за користење запленети ирански средства
-

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
