Исус покренат со вештачка интелигенција во црква во Швајцарија

Капелата „Свети Петар“ – мала и не премногу раскошна црква којашто се смета за најстара во швајцарскиот град Луцерн, го инсталираше Исус Христос покренат со вештачка интелигенција. Програмата, позната како „Бог во Машина“ (Deus in Machina), е инсталирана во август како најнов чекор во повеќегодишната соработка за тридимензионална реалност со тамошната Универзитетска истражувачка лабораторија. Инсталацијата зборува 100 јазици.
-Тоа беше вистински експеримент. Сакавме да видиме и да разбереме како луѓето ќе реагираат на Исус покренат со ВИ. За што би разговарале со Него? Дали би имало интерес да разговараат со Него? Веројатно сме пионери во ова, вели теологот Марко Шмид.
По проектите коишто експериментираа со виртуелна и проширена реалност, црквата одлучи дека следниот чекор е да инсталира тн. аватари.
-Дебатиравме каков аватар би бил тоа – теолог, личност или светец? Но, тогаш сфативме дека најдобра фигура ќе биде самиот Исус, рече Шмид.
По обуката на ВИ-програмата и полнењето со теолошки написи, посетителите се поканети да му поставуваат прашања на Исус (инсталацијата), со одговори прикажани на екран. Тој одговара во реално време, нудејќи одговори генерирани со ВИ.
Луѓето се советувани да не откриваат никакви лични податоци. – Тоа не е исповед. Немаме намера да имитираме признание, дообјасни Шмид.
За време на двомесечниот период на експериментот, повеќе од 1.000 луѓе – вклучувајќи и муслимани и туристи од Кина и Виетнам – ја искористија можноста да комуницираат со аватарот. По испитувањето потоа, две третини од посетителите сметаат дека тоа е духовно искуство.
-Значи, можеме да кажеме дека тие имаа „религиозно-позитивен“ момент со овој Исус покренат со ВИ. За мене, тоа беше изненадување, истакнува Шмид.
Експериментот, исто така, предизвика критики во црковната заедница. Некои католички свештеници протестираа поради употребата на исповедалницата. Протестантите, пак, е против употребата на слики на ваков начин. Шмид вели оти црквата спроведе тест со 30 луѓе пред да го постави аватарот. По почетокот на проектот, таа се погрижи поддршката за верниците секогаш да биде достапна.
-Никогаш не добивме впечаток дека (инсталацијата) зборува чудни работи. Но, се разбира, не можеме да гарантираме дека нема да каже ништо чудно, рече Шмид.
На крајот, токму оваа неизвесност го навела да одлучи дека аватарот засега ќе остане само привремен експеримент.
-Тоа е навистина едноставна и достапна алатка со којашто може да зборувате за религијата, христијанството, христијанската вера. Може да се преобрази во еден вид повеќејазичен духовен водич којшто ќе може да одговори на религиозни прашања, рече Шмид.
За свештеникот, големиот интерес што инсталацијата го предизвика, покажува дека „луѓето сакаат да одат подалеку од Библијата“, тајните и обичаите.
-Мислам дека има потреба да се разговара со Исус. Луѓето сакаат да добијат одговор, сакаат зборови. Сакаат да слушнат што Тој вели, појасни свештеното лице.
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
-

Тешко повреден параглајдерист од САД во битолско
-

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност
