Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите
Италијанската Влада воведе нови мерки против несовесните возачи – со нова регулатива и казни наменети за секој кој фрла ѓубре надвор од одредените области. Лицата кои ќе ги прекршат одредбите од новата регулатива се соочуваат со високи казни, но и со затворска казна.
Во таа смисла, казната за фрлање отпушок од цигара или марамче низ прозорец од возило може да достигне до 1.188 евра. А пак, фрлањето ќеса со ѓубре, стаклени шишиња или лименки од возило на јавно место ќе чини 18.000 евра, без оглед на тоа дали возилото е во движење или е во мирување. Законот е особено строг за оние што фрлаат ѓубре од автопат во природа или во заштитени подрачја. Таквиот прекршок, покрај паричната казна, може да резултира со одземање на возачката дозвола или затворска казна. Важно е да се нагласи – особено за туристите, дека овие правила важат подеднакво и за странските државјани.
Меѓу клучните новости е тоа што полицијата веќе не мора лично да ги фаќа сторителите. Доволен доказ ќе бидат снимките од камерите за надзор коишто јасно ја снимаат регистарската табличка на возилото, без оглед на тоа дали се работи за јавни или приватни субјекти.
Италијанските власти нагласуваат дека целта на овие мерки не е само заштита на животната средина, туку и зголемување на безбедноста во сообраќајот. Фрлените предмети можат да ги оштетат другите возила или да ги принудат возачите да прават опасни движења заради избегнување, што може да доведе до сериозни несреќи. Се очекува камерите што ќе работат 24 часа на ден, значително да го намалат бројот на вакви инциденти.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни