Loading Video...
Спорт плус
19. December 2021 - 14:44
Италијанката, Гоџа ја потврди својата доминација со победа во „Супер-џи“
Софија Гоџа ја потврдува својата одлична форма, но и доминација кога во прашање се побрзите дисциплини во Светскиот куп во алпско скијање
По вчерашната победа во спустот во Вал Ди Зер, денеска таа беше најдобра и во супервелеслалом.
Гоџа оствари време од 1:19.23, оставајќи ги зад себе Норвешанката, Рангхилд Мовикел за 33 стотински, односно сонародничката Елена Куртони за 51.стотинка
29-годишната Италијанка до својата втора победа во „Супер-џи“, а вкупно шеста сезонава, не само што го задржа водечкото место во генералниот пласман во оваа дисциплина, туку успеа да ја мине Американката, Михаела Шифрин и во севкипниот генерален поредог.
Гоџа сега има 635 бодови, додека Шифрин која е на втората позиција заостанува 65 помалку.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->