Избори во СДСМ
Почнува трката за нов лидер на СДСМ по оставката на Ковачевски поради поразот на парламентарните избори. Од денеска сите заинтересирани во рок од 7 дена своите пријави за претседателското место ќе треба да ги достават до партијата. За кандидатурите ќе се разговара на Конгресот, кој наместо првично планирното на 16 јуни, ќе се одржи порано, во недела на 9 јуни. Внатрепартиските избори ќе се одржат на 30 јуни, преку активна регистрација на гласачите – членови на СДСМ.
Ова се само дел од одлуките што синоќа ги донел Централниот одбор.
„Покрај анализите на причините за изборниот резултат Централниот одбор предлага и измени на Статутот на партијата за мандатот на Претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде 4 години“
„СДСМ е прогресивна модерна европска партија. Овој процес ќе биде направен по највисоките демократски и организациски стандарди“, се вели во соопштението на СДСМ.
Во медиумите веќе подолго време се вртат имињата на четири можни кандидати за лидерската позиција во партијата: Венко Филипче, Јован Деспотовски, Славјанка Петровска и Стефан Богоев. Јавна потврда дека сакаат да се дел од трката досега стигна само од Деспотовски и Петровска. Засега ниту еден официјално не поднел кандидатура.
Во меѓувреме се нижат шепкулации кој вушсност стои зад овие кандидати. Поранешните лидер на СДСМ – Заев, Бучковски, Шеќеринска и Ковачевски имаа и средба за иднината на партијата. Најактивно во лобирањето било крилото на Филипче, зад кого стоел поранешниот лидер Заев. Не е исклучено, Петровска да се придружи на ова крило како потпретседателка во партијата. Спротивни информации пак велат дека ако Петровска стане претседател Богоев би бил потпретседател.
Додека партија се обидува внатрешно да се консолидира и да изберен нов лидер, во парламентот се соочува со можно ситнење на пратеничката група со која раководи токму СДСМ. Вчера, доскорешниот коалициски партнер ЛДП ја реизбра Моника Зајкова за лидер на партијата, но и одлучи таа во парламентот да дејствува независно.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
