Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната

Собранието на Косово денеска со 62 гласа повторно го избра Албин Курти за премиер на Косово.
Откако Курти ја претстави програмата на новата Влада, речиси идентична со онаа на претходната од февруари годинава, со гласање за прв заменик-премиер и министер за надворешни работи и дијаспора беше избран Глаук Конјуфца, втора заменик-премиерка и министерка за правда е Доника Гервала, додека трет заменик-премиер за прашања на малцинствата и соработка е Фикрим Дамка.
Хекуран Мурати беше избран за министер за финансии, за министер за труд, семејство и вредности на ослободителната војна беше избран Андин Хоти, додека за министер за одбрана беше избран Ејуп Маќедонци.
За министер за внатрешни работи беше избран Џељаљ Свечља, министер за јавна администрација и дигитализација е Љуљзон Јагџиу, а министер за здравство е Арбен Витиа.
За министер за образование и наука беше избран Хајрула Чеку, министерка за култура и туризам е Саранда Богујевци, а министер за спорт и млади е Блерим Гашани.
За министер за администрација на локалната самоуправа беше избран Ељберт Красниќи, министерка за животна средина и просторно планирање е Фиторе Пацоли, а министер за земјоделство, шумарство и рурален развој е Арменд Муја.
Министер за инфраструктура и сообраќај е Димал Баша, министерка за индустрија, претприемништво, трговија и иновации е Мимоза Кусари-Лила, министерка за економија е Артане Ризваноли, министер за заедници и враќање е Ненад Рашиќ, а министер за регионален развој е Расим Демири.
МИА
Ново на Сител
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
