Избрани најубаво украсената тераса, двор и ученички расказ во рамки на манифестацијата „Украсуваме по СКОПСКИ“

Во празничниот дух на новогодишните и божиќните денови, во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“ беа избрани најубаво украсената тераса, најубаво украсениот двор во Скопје и ученички расказ. Преку оваа иницијатива се истакнува креативноста и посветеноста на граѓаните кои со своите домови создадоа топла, светла и автентична празнична атмосфера низ градот, информираат од Град Скопје.

-По детална евалуација и теренска посета на сите пријавени учесници, жири-комисијата ги избра највпечатливите празнични уредувања, каде што вниманието кон деталите, креативниот пристап и љубовта кон празниците беа јасно препознатливи. За најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа беше избрана Адријана Јовановиќ, ул. Темко Попов бр. 33а, населба Маџари – двор кој зрачеше со топлина, светлина и вистинска празнична магија. Награда: 20.000 денари. За најубаво новогодишно украсена тераса од стан беше избрана Теа Ивановска, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 149-2/7, населба Козле - пример како и мал простор може да стане голема празнична приказна. Награда: 20.000 денари. Во категоријата најубав расказ на тема „Новогодишни желби и празнувања“, наградата ја освои Христина Наумов I1, ученичка во СУГС „Ѓорѓи Димитров“, со искрен и инспиративен текст што ја пренесува празничната надеж и детската радост. Награда 5.000 денари, пишува на ФБ градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Тој додава дека изборот го направила жири-комисија составена од реномирани новинари и медиумски професионалци.
Со „Украсуваме по скопски“, нагласува тој, Скопје уште еднаш покажува дека најубавите празници се оние што ги создаваме заедно.
-Светлината, креативноста и желбата за убаво секојдневие започнуваат од домот, а се шират низ целиот град. Скопје го разубавуваме заедно. По скопски!. Светлината на празниците доаѓа од домовите - избрани најубаво украсените дворови и тераси во Скопје. Во магијата на новогодишните и божиќните празници, Скопје блесна со посебна топлина, онаа што доаѓа од домовите на неговите граѓани, пишува Ѓорѓиевски.
Според него, оваа манифестација била посветена на поттикнување на граѓаните активно да учествуваат во создавањето на празничниот амбиент, претворајќи ги своите домови во мали светлосни приказни што го разубавуваат секое маало и ја прават празничната атмосфера на Скопје потопла, поблиска и поискрена.
МИА
Ново на Сител
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
-

На дуелот со Данска на Европското првенство судии од Молдавија
