Издадено предупредување за отровен чад по голем пожар во магацини во Хамбург

Два магацини од утрово се во пламен во северниот германски пристаништен град Хамбург, јави ДПА.
Противпожарната бригада предупреди на опасност од вдишување на чад и можните хемиските компоненти кои може да ги содржи воздухот поради пожарот.
Облакот чад се движи од магацините во градскиот кварт Ротенбургсорт во правец кон центарот на градот.
Претставници на противпожарната бригада првично не можеа да дадат никакви информации што го предизвикало големиот пожар во текот на ноќта или што точно имало во запалените магацини.
Во официјалното предупредување, пожарот и облакот чад што се шири се класифицирани како „екстремна опасност“.
Од локалните жители е побарано да не ги отвораат прозорците и вратите и да се заштитат од чадот во широка област во североисточниот дел на Хамбург.
Германскиот железнички оператор Дојче Бан исто така најави дека поради пожарот мора да бидат затворени шините меѓу Хамбург и Бухен.
Во тек се напори за гаснење на пожарот.
Ново на Сител
-

Без пробив за мир во Украина по средбата на Трамп со Зеленски во Флорида
-

Нова слаломска победа за Шифрин
-

Пораз на македонските ракометари на контролата со Хрватска
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Премиерот Мицкоски во посета на Клиниката за гинекологија и акушерство
-

Собранието треба да го донесе новиот Закон за Судскиот совет
-

Сончево и студено време со мала до умерена облачност
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
