Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
Големиот пожар што вчера избувна во близина на пристанишниот град Рафина во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина е целосно изгасен, додека пак на островот Крит е ставен под контрола, меѓутоа пожарникарите се во состојба на готовноста за да спречат евентуални нови разгорувања, јави дописничката на МИА од Атина.
Пожарот кај градот Јерапетра во југоисточниот дел на островот Крит избувна во средата, поради силниот ветер брзо се прошири и беа евакуирани илјадници жители и туристи од околните места.
Доцна синоќа имаше ново разгорување во непрооден дел, но веднаш беше ставено под контрола, додека утрово не постои активно жариште.
Интервенираат 230 пожарникари со 13 пешадиски тима, 46 возила и група беспилотни летала, како и воздушни средства.
Според локалните медиуми од островот, во општините зафатени од пожарот прогласена е вонредна состојба.
И на Крит и во близина на Атина, во големите пожари изгореа домови, а дополнително ќе се проценува предизвиканата материјална штета.
Ново на Сител
-
Додик сослушан во Обвинителството на БиХ во Сараево, притворот му е укинат
-
Мицкоски: Расте македонскиот извоз, повеќе пари за граѓаните
-
Трамп: Путин е свесен дека се можни нови американски санкции
-
Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца
-
Зголемен интензитетот на сообраќај, на „Табановце“ и „Богородица“ се чека до 40 минути
-
Амнести: Властите во Србија мора да ја прекинат незаконската употреба на сила против демонстрантите и да истражат пријави за полициско насилство
-
Денеска многу топло, до 41 степен, надлежните препорачуваат мерки за заштита
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни