Изгаснат пожарот во прилепската населба Варош

Изгаснат е пожарот што избувна попладнето во близина на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во прилепската населба Варош. Прилепските пожарникари остануваат на терен за да ја следат ситуацијата. Горела сува трева, а биле зафатени и две дрва, но нема никакви други штети на околни објекти во населбата Варош.
Според заменик-командирот на прилепската противпожарна единица Виктор Стојчески, за пожарот добиле пријави околу 15:45 часот. Бил зафатен простор со сува трева под манастирот во близина на патот во населбата Варош.
-Испративме две екипи со вкупно пет возила и 15-тина пожарникари. Голем проблем беше ветрот, но потоа ни помогна дождот во сузбивањето на оваа огнена стихија. Нема зафатено објекти, ниту други градби. Сепак нашите екипи остануваат дежурни на теренот, ни рече Стојчески.
Пожарот е изгаснат околу 17 часот. Според Стојчески, голем е сомнежот дека е намерно предизвикан за ветрот да го рашири.
МИА
Ново на Сител
-

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички пресметки
-

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица uapseni поради безобѕирно управување моторно возило
-

Побарал возило на заем од познаник, наместо да го врати кажал дека е дефект и го продал на друго лице
-

Подвиг за незаборав - Владо Деловски се искачи на планината каде пред години го загуби својот татко
-

Државни и воени делегации оддадоа почит на загинатите бранители во касарната „Илинден“
-

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, приведен кавадарчанец во алкохолизирана состојба
-

Приведен 18-годишник, осомничен за грабеж на накит од 70-годишна скопјанка
-

Поголем дел од државава со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари
