Изгаснат пожарот во прилепската населба Варош

Изгаснат е пожарот што избувна попладнето во близина на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во прилепската населба Варош. Прилепските пожарникари остануваат на терен за да ја следат ситуацијата. Горела сува трева, а биле зафатени и две дрва, но нема никакви други штети на околни објекти во населбата Варош.
Според заменик-командирот на прилепската противпожарна единица Виктор Стојчески, за пожарот добиле пријави околу 15:45 часот. Бил зафатен простор со сува трева под манастирот во близина на патот во населбата Варош.
-Испративме две екипи со вкупно пет возила и 15-тина пожарникари. Голем проблем беше ветрот, но потоа ни помогна дождот во сузбивањето на оваа огнена стихија. Нема зафатено објекти, ниту други градби. Сепак нашите екипи остануваат дежурни на теренот, ни рече Стојчески.
Пожарот е изгаснат околу 17 часот. Според Стојчески, голем е сомнежот дека е намерно предизвикан за ветрот да го рашири.
МИА
Ново на Сител
-

Меси ќе паузира од фудбалот
-

Трамп потпиша извршна уредба со која се намалува бројот препорачани вакцини за деца во САД
-

Зеленски: Украина ќе продолжи со напади длабоко на руска територија за да покаже дека е неопходен мир
-

Во пристаниште во Лондон откриени и запленети речиси три тони кокаин сокриен во пратка со банани од Јужна Америка
-

Сончево и многу топло, од четврток наместа нестабилно време и пад на температурата
-

Превозниците од Западен Балкан на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната
-

Дискусија за насилството меѓу младите со обраќања на претседателката Сиљановска-Давкова и министерката Јаневска
-

И денеска многу топло - до 40 степени, здравствените власти со препораки за заштита од сонце
