Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов

Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов, најави дека очекува до крајот на годинава да започне изградбата на втората фаза во Затвор Идризово - комплетно ново затворено одделение и нова зграда за Централен притвор со капацитет од 420 кревети.
Централниот притвор, со тоа целосно ќе биде во Затворот Идризово наместо како досега и во други градови, и како што појасни Пандов, ќе биде ставена во функција и судницата со што ќе нема трошоци за спровод на осомничени лица, а ќе има и затворска болница и нова кујна.
Со завршувањето на втората фаза, според Пандов драматично ќе се промени сликата за затворскиот систем, посочувајќи дека околу 65 проценти од затворниците сега се наоѓаат во Идризово.
Државата, појасни Пандов, во 2010 година добива кредит од Банката за развој на Совет на Европа во висина од 50 милиони евра, и со половината од тие средства минатата власт на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година, гради комплетно нов затвор во Куманово, Воспитно поправниот дом во Волковија,Тетово и ја завршува првата фаза во затворот Идризово, односно се градат комплетно ново отворено и полуотворено одделение.
- Затворот во Куманово е 2014 година пуштен во употреба, а ВПД Волковија и отвореното и полуотвореното одделение во затворот Идризово во 2018 година. За жал, иако им останале 26 милиони евра на сметка, минатата власт на СДС и ДУИ немаат ниту шајка заковано. Дополнително заради нивното коруптивно однесување и непреземање никакви работи... парите коишто се на сметка, за коешто ние како граѓани сме плаќале камата во сиот овој минат период, јас кога дојдов како директор на Управата за извршување на санкции беа под мораториум односно ние немавме право да ги користиме, изјави Пандов.
Во меѓувреме, рече Пандов, повторно имавме посета од висока делегација од Банката за развој на Совет на Европа и дека очекува на 15 јули повторно да ни бидат достапни парите за изградба на втората фаза.
- Во таа втора фаза кога би ни дозволиле, ние требаше да учествувавме претходно со една третина, значи на тие 25 милиони Република Македонија требаше уште со околу 15 милони евра. Меѓутоа годиниве имаше инфлација каква што имаше. Цената на чинење на градба е зголемена и за жал проценките се сега дека учеството на Република Македонија ќе дојде до 50 отсто. Не можам со 100 процентна сигурност, но она што имам зборувано со премриот Мицковски е дека Македонија и покрај зголемување на трошоците ќе направи се во наредниве години да ги обезбеди тие пари, изјави Пандов.
Пандов, посочи дека веќе ги прават сите подготовки како Управа да ја обноват градежната дозвола за градба во Идризово и тогаш кога ќе ни биде одобрено од Банката за развој, во текот на годинава да распишат тендер.
Ново на Сител
-

Арагчи: Опасен преседан најавите на Трамп за користење запленети ирански средства
-

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
