Изјавата на Вучиќ за шпиони е замајување на јавноста, смета дел од опозицијата во Србија
Дел од опозициските пратеници во Србија, изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека околу Нова година во Белград биле „рекорден број странски шпиони“ ја оценија како замајуавње на јавноста.
Пратеникот на Демократската партија Срѓан Мливојевиќ за Данас изјави дека „апсолутно верува“ дека креаторот на извештајот за шпиони е директорот на Безбедносно информативната агенција Александар Вулин.
„Очигледно е дека именувањето на Александар Вулин за директор на БИА ги дава првите големи резултати, бидејќи Вучиќ изгледа има најголем број шпиони во Србија, веројатно од доаѓањето на Јужните Словени на Балканот до денес“, вели Миливојевиќ, пренесе Бета.
Пратеникот од „Заедно-Морамо“ Ѓорѓе Микетиќ рече дека „режимот претрпел пораз“ поради повлекувањето на Предлог-законот за внатрешни работи и оцени дека Вучиќ подготвува нов трет обид“ да се донесе законот.
„И тој очајно си поигра на глупавиот страв од тајните агенции“, вели Микетиќ.
Пратеникот на Народната партија Стефан Јовановиќ оцени дека приказната за шпионите е „класично замајување на јавноста“ поради неуспехот на политиката, заштитата на народот на Косово и катастрофалната економска политика.
Вучиќ вчера изјави дека разузнавачките информации што ги добил потврдуваат дека „Белград бил како Казабланка на новогодишната ноќ“ и дека „нема шпиони кои не ни ги окупирале нашите хотели“.
Ново на Сител
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
