Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје

Државниот архив на Македонија во соработка со НУ Конзерваторски центар Скопје организира изложба посветена на еден од најзначајните моменти во современата македонска историја: 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на великанот Гоце Делчев во Скопје.
Изложбата ќе биде отворена вечер, во 18 часот, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, каде што почиваат посмртните останки на Делчев.
-Заветот на Гоце Делчев, пренесуван низ децениите од неговите соборци, остана трајна обврска за Илинденската организација и за македонската држава: неговите останки да почиваат во главниот град на слободна и независна Македонија. Веднаш по ослободувањето на земјата, соборците и тогашните власти донесоа заедничка историска одлука дека се остварени сите услови за исполнување на овој аманет, со што посмртните останки на Делчев конечно беа вратени во татковината, велат од Државниот архив.
Изложбата претставува посебна посвета на историскиот пат на неговите останки, заветот на неговите соборци и зачувувањето на националната меморија.
МИА
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
