Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба
Израел изврши серија напади врз Иран рано утринава, околу 3 часот по локално време.
Иако израелските власти соопштија дека целта на нападите биле нуклеарни и воени објекти, медиумите во Иран јавуваат дека се погодени и станбени области во главниот град Техеран, а бидејќи меѓу убиените има и цивили, вклучително и деца.
Првичните извештаи сугерираат дека со израелскиот напад му е нанесен значаен удар на Иран, а во десетиците напади низ целата земја се убиени неколку високи ирански воени личности и нуклеарни научници.
Според иранските државни медиуми, во нападите загинаа Хосеин Салами – врховен командант на Исламската револуционерна гарда, Голамали Рашид – командант на централниот штаб на Катам-ал Анбија, Ферејдун Абаси – нуклеарен научник и поранешен претседател на Иранската организација за атомска енергија и Мохамед Багери – началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран.
По масовниот напад на Иран, израелските власти прогласи вонредна состојба, оценувајќи дека земјата очекува контранапади многу скоро. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ги повика граѓаните да ги следат упатствата на властите, додавајќи дека можеби ќе мора да останат во заштитени подрачја подолг временски период.
Иранското министерство за надворешни работи апелира до земјите ширум светот да ги осудат нападите на Израел, оценувајќи дека со нив глобалната безбедност се изложува на невидена закана.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека однапред бил свесен за плановите до Израел, но рече дека американската војска немала никаква врска во операцијата врз Иран. Изрази надеж дека Иран ќе продолжи со преговорите со САД за ограничување на неговата нуклеарна програма.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија