-->
-->
Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-->

Израелски напад е изведен врз местото Суџуд во јужен Либан по објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанското шиитско движење Хезболах, поддржано од Иран, јавува либанската Национална новинска агенција (ННА).
Агенцијата исто така извести за летови на беспилотни летала над населени места во околината на големиот јужен град Тир.
Според Франс прес, нивни дописник слушнал и продолжено артилериско гранатирање во подрачјето на градот Набатие, пренесува БТА.
Засега нема информации за евентуални жртви или за обемот на причинетата материјална штета.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Досега евидентирани 138 шумски пожари, штетите милионски
-

Жените земјоделки докажаа дека се столбот на оваа гранка во Македонија - по 5 пат во Прилеп - „Млеко 2026“
-

Започнува модернизацијата на пазарот во Ново Село, инвестиција вредна над 11,5 милиони денари
-

Неопходно е да се направи дигитална археолошка карта
-

Преглед на вестите од светот
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
