Израел отфрла вина за нападот врз иранското основно училиште за девојчиња

Израел денеска отфрли секаква одговорност за нападот врз основното училиште за девојчиња во иранската провинција Хормозган, во кој според иранските извештаи загинале повеќе од 100 лица.
- Во овој момент не ни се познати никакви израелски или американски напади таму – изјави воениот портпарол Надав Шошани.
- Она што го знам е дека бевме во позиција – а тоа ќе го потврдат и Американците и Иранците – да елиминираме 40 луѓе кои се криеја од нас на исклучително прецизен начин, на оддалеченост од повеќе од 1.600 километри, додаде тој алудирајќи на убиството на врховниот водач Али Хамнеи.
Негирањето дојде откако Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека е „длабоко загрижен“ за бомбардирањата во Иран, пренесе ДПА.
„Постојат извештаи за напади врз училишта во Иран, вклучително и училиште за девојчиња во Минаб“, соопшти денеска германската канцеларија на организацијата за помош на децата во Келн.
„Нападите врз цивили и цивилни објекти, вклучително и училишта, претставуваат кршење на меѓународното право“, се вели во соопштението.
Најмалку 108 девојчиња загинаа во ракетен напад во јужниот дел на земјата, според ирански извори. Погодено е основно училиште за девојчиња во Хормозган, објави државната новинска агенција ИРНА. Се вели дека уште десетици ученички се повредени.
Овие тврдења не можат независно да се проверат.
УНИЦЕФ повика на итен прекин на непријателствата. Организацијата, исто така, апелираше до сите вклучени страни во конфликтот да покажат максимална воздржаност и да ги почитуваат своите обврски според меѓународното хуманитарно право и човековите права. Ова особено ја вклучува заштитата на цивилното население и услугите од кои зависи опстанокот на децата.
МИА
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
