Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица

Натпреварите на Израел против Македонија и Црна Гора во рамки на Европската златна лига ќе се играат пред празни трибини во салата „Парк“ во Струмица.
Ова денеска го соопшти Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), истакнувајќи дека одлуката е донесена од безбедносни причини, поради „воено – политичката ситуација во која се наоѓа Израел“, а по препорака на македонското Министерство за внатрешни работи.
ОФМ викендов во Струмица е домаќин на третиот натпреварувачки викенд од ЦЕВ Европската Златна лига 2025.
Натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Израел, закажан за в петок, од 20 часот, а од истите причини пред празни трибини дуелот меѓу Израелците и Црна Гора, в сабота, од 20 часот во салата „Парк“ ќе се игра зад затворени врати.
Љубителите на одбојката во живо ќе може да го следат единствено натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора, в недела, од 20 часот.
Сите натпревари од турнирот во Струмица ќе имаат директен телевизиски пренос на националниот сервис (МРТ3).
Ново на Сител
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
