Израел со нови воздушни напади врз Иран
Израел извел нов напад во западниот дел на Иран, четврти по ред од почетокот на ескалацијата на конфликтот меѓу двете земји, јавуваат ирански медиуми.
Според новинската агенција Тасним, „ционистичкиот режим“ погодил зграда на противпожарната служба во провинцијата Илам, а видеоматеријал прикажува чад кој се издигнува над погоденото подрачје.
Дополнително, и болница во реонот претрпела сериозни оштетувања од израелски воздушен напад, пренесува агенцијата Фарс. Објавенata снимka прикажува скршени прозорци, urnati тавани и уништени болнички соби.
Израелската армија соопшти дека воспоставила „воздушна контрола“ над Техеран, тврдејќи дека иранската противвоздушна одбрана и ракетни системи се значително ослабени, што ѝ овозможува на израелската авијација да дејствува над иранската престолнина без значаен ризик.
– Контролираме воздушниот простор од западен Иран до Техеран – се вели во израелското соопштение.
Бригадниот генерал Ефи Дефрин, портпарол на армијата, на прес-конференција изјави дека се уништени над 120 ирански ракетни лансери – околу една третина од иранскиот арсенал на ракети земја-земја. Во нападите учествувале повеќе од 50 борбени авиони.
Израел, исто така, тврди дека ликвидирал четворица високи функционери на иранското разузнавање, вклучувајќи го и шефот на разузнавачката служба на Револуционерната гарда.
Според воените извори, само изминатата ноќ биле извршени повеќе од 20 воздушни напади врз цели на територијата на Иран.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
