Loading Video...
Свет
17. March 2026 - 16:39

Израел тврди дека го убиле Али Лариџани, иранскиот шеф за безбедност и „водач од сенка“

Израел објави дека го ликвидирал шефот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, ноќеска во прецизен воздушен напад во Техеран.

Според изјавата на израелскиот министер за одбрана, убиството на Лариџани го наредил премиерот Нетанјаху, а во истиот напад бил убиен и Голам Реза Солејмани, шеф на милицијата Басиџ, која е под командата на Иранската револуционерна гарда и има има централна улога во одржувањето на внатрешната безбедност на земјата. 

- Шефот на Генералштабот ме извести дека секретарот на Врховниот совет за национална безбедност Лариџани и шефот на Басиџ, централниот апарат за репресија на Иран, (Солејмани), кој е одговорен за масакрот врз демонстрантите, беа елиминирани синоќа и му се придружија на шефот на програмата за уништување Хамнеи, заедно со сите оние елиминирани од оската на злото во длабочините на пеколот, изјави Израел Кац, министер за одбрана на Израел.  

Од Техеран засега нема официјална потврда за нивната смрт. Доколку ја потврди смртта на Лариџани, тоа ќе стане највисокиот ирански функционер кој загинал во војната од атентатот врз врховниот лидер Али Хманеи, на 28 февруари, првиот ден кога американските и изарелските сили почнаа воздушни напади врз Иран.  

Во меѓувреме, иранските вооружени сили извршија нов бран напади со ракети и дронови кон воени цели во Израел. Лансираа и ракети и беспилотни летала врз амабсадата на САД во главниот град на Ирак, Багдад.  

„Во името на Бога, со оглед на сериозниот пад на одбранбената способност на непријателот и оштетувањето на неговите системи за воздушна одбрана и радари, непријателот стигна до работ на пропаст и повеќе нема да има ред врз основа на своите желби и каприци. Ова е дефинитивната волја на Врховниот водач на Исламската револуција, Неговото Високопреосвештенство ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи и херојскиот народ на Иран, а ова владеење е утврдено од моќните вооружени сили на Исламската Република Иран. Ред заснован на неоспорното и легитимно право на иранската нација, изјави Ебрахим Золфагари, портпарол на Револуционерната гарда на Иран.

Претходно, иранскиот Врховен водач Моџтаба Хамнеи порача дека војната нема да заврши сѐ додека Соединетите Американски Држави и Израел не клекнат на колена, не го признаат поразот и не платат воена отштета. Американскиот претседател продолжува да врши притисок врз членките на НАТО и другите земји да помогнат во повторното отворање на Ормускиот теснец, каде што се транспортираше една петтина од светската нафта пред 28 февраури. Од Европа, Германија, Велика Британија, Италија и Грција веќе одбија да испратат воена мисија за обезбедување безбеден превоз во теснецот.

- Тие треба да бидат вклучени со ентузијазам. Со години ги заштитуваме овие земји со НАТО, бидејќи НАТО сме ние. Можете да го прашате Путин. Путин се плаши од нас. Тој не се плаши - тој воопшто нема страв од Европа. Тој се плаши од Соединетите Американски Држави и од војската што ја изградив во првиот мандат, изјави Трамп. 

Албанија пак  усвои резолуција со која Иранската револуционерна гарда се прогласува за терористичка организација, а Иран за државен спонзор на тероризмот. Со овој потег, Тирана сака да ја докаже својата лојалност кон САД.