Извештај на ДИА: Албанската мафија добива лидерство во шверцот со кокаин

Годишниот извештај на италијанската антимафија и антитероризам (ДИА) за 2024 година, наведува дека албанскиот криминал се повеќе добива на сила во Италија, па дури и добива лидерство во трговијата со кокаин.
Се нагласува дека „Јадранската рута“ е клучен јазол за премин на наркотици од Албанија до Италија и остатокот од Европа и оти тие успеале да навлезат во главните трговски пристаништа Антверпен, Ротердам и Хамбург.
„Трговијата со дрога останува главен сектор на активност и нејзините приходи се повеќе се реинвестираат во купување на легитимни економски активности и недвижен имот. Истражните докази, исто така, потврдуваат дека албанските банди се вклучени во други нелегални активности, како што се трговија со оружје, трговија со луѓе, експлоатација на проституција и извршување даночни кривични дела, стои во извештајот, објавија албанските медиуми.
Се констатира дека албанските банди директно “соработуваат со јужноамериканските картели за увоз на големи количества кокаин наменети за снабдување на ќелиите на сонародниците кои работат на главните италијански пазари”.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
-

Антимигрантската резолуција влезе во Собранието – СДСМ остана надвор
