Извештај: Во ЕУ секоја недела се открива претходно непозната дрога

Агенцијата на Европска Унија за наркотици денеска во Брисел претстави извештај во кој се наведува дека секоја недела во ЕУ се открива претходно непозната дрога, а вкупниот број на следени дроги сега надминува 1.050, вклучувајќи ги и силните синтетички опијати.
Агенцијата предупредува дека постои ризик снабдувањето со дрога да се прошири преку продажбата на електронски цигари.
Според податоци на ЕУ, во 2019 година регистрирани се најмалку 7.600 смртни случаи од предозирање. Водечка причина е употребата на опијати, при што жртвите честопати земаат и лекови добиени од опиум или лекови против болки. Во извештајот се препорачува подобрување на пристапот до опоидниот противотров „налоксон“ со цел да се избегне предозирањето.
Пазарот на хероин во Европа е отпорен и не е засегнат од забраната на талибанците од 2022 година за одгледување афион во Авганистан. Но и Пакистан и Мјанмар одгледуваат афион. Минатата година во Пакистан афион се одгледувал на повеќе од 9.000 хектари, додека во Мјанмар лани достигнато е највисоко ниво во изминатите 10 години, афион се одгледувал на над 45.000 хектари.
Во извештајот се посочува и дека употребата на кокаинот во Европа и понатаму е на високо ниво. Околу 4,3 милиони Европејци на возраст од 15 до 64 години користат кокаин.
Употребата на кетамин е на ниско ниво во ЕУ, но изминатите години за четирипати е зголемен бројот на лица кои побарале помош за лекување на зависноста.
Измината година е регистрирано дека 24,9 милиони Европејци на возраст од 15 до 64 години употребувале марихуана.
МИА
Ново на Сител
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
