Извршени 427 увиди на објекти погодени од пожарите во Грција – повеќе од половина несоодветни за употреба

Во текот на изминатата седмица, тимовите на Генералната дирекција за санација на последиците од природни катастрофи извршиле вкупно 427 увиди на објекти во делови на Грција зафатени од пожарите, а повеќе од половина објекти, односно 151 бил обележани како „црвен“, односно несоодветен за употреба, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција информираа дека увидите на надлежните служби биле спроведени во централниот дел на земјата, во западниот дел на областа Атика, како и на Пелопонез и Крит по пожарите во изминатиот период.
По проверките, од 427 објекти, 131 е категоризиран како „зелен“, односно без штети, 145 објекти се во „жолтата категорија“ и се потребни одредени интервенции, а во категоријата со најголеми штети, што најчесто треба целосно да се урнат е 151 од проверените објекти.
Дополнително, во истите области биле извршени 311 повторни процени на станбени објекти, а од нив 116 се во „црвена категорија“.
На островот Саламина, по пожарот во неделата во кој загинаа две лица, а десет беа повредени, увид бил извршен на 22 објекти, од кои пет се несоодветни за употреба.
Во општина Касандра, на првиот крак на Халкидики по пожарот во поширокиот регион на Сивири во четвртокот, биле извршени проверки на девет објекти зафатени од огнената стихија, од кои два се без штети, а за седум се неопходни одредени интервенции.
Заменик-министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Костас Кацафадос денеска ќе го посети делот погоден од пожарот на Халкидики, каде што ќе се сретне со локалните власти, а на состанок во Општина Касандра, ќе се разгледа за состојбата, текот на увидите и процена на штетите, како и за следните чекори за активирање на мерките за државна помош и санација.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп привремено го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредена стока од Канада
-

Двајца турски државјани со закани присилувале гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета
-

Се подобрува состојбата со пожарите во Албанија
-

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
-

Блумберг“: САД ја проверуваат лојалноста на сојузниците во НАТО
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
-

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски и финансиски трансакции со Иран се суспендирани
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
