Ја сликала својата нова куќа за да се пофали на пријателите но кога видела што снимила...

Мишел Мидвинтер (30), мајка на две деца пред еден месец се вселила во куќа во Англија.
Со цел да го покаже новиот дом на своите пријатели, излегла надвор и ја фотографирала куќата. На прозорот во тој момент се појавило лице.
Мишел изјавила дека влегла внатре да провери дали има некој во куќата но собата во која го забележала лицето била празна.
- Некои веруваат дека е сенка од цвеќе, но не одговараат аглите на сенката - рекла Мишел, пренесува Дејли Меил.
Ова не е единствениот случај. Мишел рекла дека во еден момент во куќата паднал ѕидниот саат, а нејзините пријатели тврдат дека оддеднаш и вратата сама се отворила, иако на другата страна немало никој.
Мишел фотографиите ги објавила на Фејсбук, но никој од пријателите не можел да најде логично решение.
Локалниот историчар Андреј Џонс (50) твдри дека лицето на прозорот единствено може да биде духот на Семјуел Кент, кој починал во 1872 година.
Тој бил татко на Констанса која на 16-години, 1860 година брутално го убила својот тригодишен брат.
Ново на Сител
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
-

Министерот за јавна администрација Минчев ја честита 250 годинишнината од независноста на САД
-

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош
