Македонија
17. October 2026 - 16:40
Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
Иницијативата планината Јабланица да биде прогласена за национален парк сè уште чека конечна реализација. Направена е нова студија за валоризација на природните вредности која треба да ги дефинира границите и зоните на заштита но процесот за прогласување заштитено подрачје трае со години.
Теренот е посотојано под притисок, соголувањето на шумите, нелегалните градби и ловот се клучните предизвици на планинскиот појас познат по ендемичната флора и фауна.
Албанската страна од планината Јабланица е национален парк уште од 2008-ма година, кај нас иницијатива постои уште од 2007-та година. Прогласувањето на Јабланица за национален парк би ја позиционирало планината како петти национален парк во земјата.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
