Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
Наставниците се ставени пред голем предизвик како да го задржат вниманието на децата во услови кога голем број градови се наоѓаат во портокалова фаза поради високите температури. И покрај реакциите на родителите и учениците,министерката е децидна дека засега нема опција да се крати наставата бидејќи не е прогласена алертна фаза во државата.
Јаневска посочи училиштата да се придружуваат на протоколите кои содржат јасни насоки како да ја организираат наставата во вакви услови. Спасот со клима уреди во секоја училници ќе чека подобри времиња, кога ќе се обезбедат средства за сите училишта подеднакво.
Дел од општините најавуваат мерки за справување со топлотниот бран, доколку биде прогласена портокалова фаза, во училиштата во о.Аеродром часовите ќе бидат скратени.
Тропските температури не се проблем само кај нас, силниот топлотен бран го зафати целиот балкански регион. Според прогнозите на синоптичарите, високите температури кои се над просекот за овој период од годината ќе се задржат речиси до крајот на септември. Предупредувачките фази од топлото време се одредуваат во секој регион различно согласно просекот и местоположбата, главниот град влегува во портокалова фаза од 33 степен.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
