Јаневска ќе реферира за работата на Министерството за образование и наука во изминатата година
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска во просториите на Министерството ќе одржи прес - конференција.
Како што соопштија од Министерството за образование и наука, Јаневска ќе информира за резултатите од работењето во изминатата година.
Министерката Јаневска порано оваа седмица на панел-дискусијата „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!“ организирана по повод една година од оваа Влада, оцени дека во образованието изминатава година се постигнати видливи резултати, кои, рече, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот.
- Образованието тргна од длабок минус, минимум квалитет и крајно незадоволителен. За жал, во изминатите седум години во образованието не беше направено ништо за тоа да се придвижи кон европскиот образовен простор. По една година имаме видливи резултати, кои ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа влада, истакна министерката за образование и наука.
Целта е кажа Јаневска, модернизација на образовниот систем преку негова дигитализација и воведување вештачка интелигенција во наставата за нашите ученици, нашите млади, да почнат да градат и да веруваат во вистински вредности, да се надградуваат себеси, да развиваат компетенции, вештини, способности и да ја сакаат државата, како и да може да излезат на пазарот на трудот дома и на глобално ниво.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговорите меѓу Киев и Вашингтон за воена помош од САД продолжуваат
-
Сончево и топло со температури до 39 степени
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики