Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети
Пет илјади македонски студенти се школуваат на странски универзитети, односно околу 10 отсто од вкупниот број, според податоците на Државниот завод за статистика и Министерството за образование и наука.
- Македонија има околу 50 000 студенти, така што 5000 се 10 проценти, што е некаде приближно како кај другите држави. Дел од нив се во балканските земји, најчесто Словенија, помалку Хрватска, дел од нив се и на други странски универзитети. Проблем е што нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата. Бидејќи не ги обврзуваме, а немаме ни уставно право да ги запреме, мислам дека овој број не смее да се зголемува и затоа преземаме многу мерки и чекори од кои ефектите ќе ги видиме утре, задутре, ден потоа, изјави министерката Весна Јаневска на трибина што денеска ја организираше Владата за промоција на усвоениот Оперативен план 2025.
Рече дека МОН е во постојана комуникација со универзитетите и заедно со нив се подготвуваат нови законски решенија во кои ќе бидат регулирани студиските програми и нивната модуларност, со цел тие да се модернизираат, да бидат привлечни и во тренд со времето и потребите на пазарот на трудот.
- По анализата за потребите на пазарот на труд, се модифицираат студиските програми кои ги имаат универзитетите. Во моментот имаме над 1200-1300 студиски програми кои де факто не ги исполнуваат потребите на пазарот на трудот. Универзитетите се свесни за тоа, дијалогот ни е на високо ниво и веќе преземаме мерки да се променат, да се акредитираат нови кои пазарот на трудот ги бара, на пример програми во вештачката интелигенција, посочи Јаневска.
Важен сегмент во модернизацијата на програмите е и практичната настава што ќе се овозможи со влез на студентите во компаниите.
- Досега праксата беше по определба на студентите, без да ги вклучуваме во извесен степен поактивно компаниите. Сега и Стопанската комора на Македонија и универзитетите преземаат чекори таа пракса да се одвива во компаниите со што тие ќе може да ги запознаат идните стручњаци, но и да ги задржат за вештини што им се потребни, рече Јаневска.
Таа ги спомена и сите други политики и мерки на МОН, како стипендии, субвенции, инвестиции за подобар ученички и студентски стандард, реновирање на студентските домови итн. посочувајќи дека ефектите од тоа што сега се презема може да се очекуваат за пет до десет години.
Ново на Сител
-
Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
-
Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот