Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски

Министерството за образование и наука не доделило државна стипендија на синот на пратеникот Антонијо Милошоски, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со гласините дека синот на пратеникот добил државна стипендија од МОН за студирање во странство, на универзитет во Мадрид.
Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за време на настанот за поставување камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Братство“, рече дека нејзиниот потпис стои на стипендиите за студии на најдоброрангираните, односно шангајски универзитети, но оти меѓу нив не се наоѓа името на Милошоски.
- Не знам што сè се пишува по социјалните мрежи. Мене ми е многу жал да кажам дека на нашите социјални мрежи има многу лажни вести. Јас лично ги потпишувам стипендиите за шангајските универзитети, најдобрите. Името Милошоски, односно презимето Милошоски, не е потпишано. Оттука сметам дека ова е апсолутно лажна вест и злоупотреба на името на пратеникот. Значи, Министерството за образование и наука не доделило стипендија на синот на Антонијо Милошоски - истакна Јаневска.
МИА
Ново на Сител
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
