Јаневска: Најмалку 60 проценти покачување на платите за наставниците во четири години, доколку дозволи буџетот ќе има и повеќе

Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат наставниците во четири години. Со договорот што Владата го потпша со СОНК се дефинирани покачувањата за секоја од четирите години, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на собраниската седница посветена на пратенички прашања.
Пратеничката Драгана Бојковска постави прашање за платите на наставниците упатено до премиерот Христијан Мицкоски, кој одговорот ѝ го препушти на ресорната министерка.
Како што рече таа, во договорот децидно се напишани процентите и оти во првата година просветните работници добиле 12 проценти покачување, во втората и третата од 7,5 до 10 проценти и последната ќе добијат од 10 до 12 проценти.
-Дражавата и натаму ќе води сметка за наставниците, тие се исклучително важни. Доколку така како што предвидува оваа влада економијата се придвижува нагоре, овие проценти секогаш може да се зголемат, без оглед што ние сме ги потпишале. Ова е минимумот кој тие ќе го добијат. Доколку буџетот дозволува, секогаш може да добијат повеќе од овој минимум, истакна Јаневска.
Ја нагласи клучната улога што наставниците ја имаат за квалитетно образование и дека Влада им посветува особено внимание на наставниците не само со тоа што добиваат повисока плата, туку овозможувајќи им и разни бесплатни обуки, курсеви и доедукација за кариерен развој во согласност со новите трендови и начини на настава.
Посочи дека наставниците имаат и разни додатоци на платата загарантирани со колективниот договор и дека за таа цел се распишани конкурси за унапредување во ментор, за советник, имаат додаток за класен раководител, додаток за работа во рурални средини итн.
-Од доаѓањето на оваа Влада до сега се вложени 700 илјади евра за едукација на наставниците и продолжуваме понатаму со нивно образование и тренинзи на разни теми ... Државата води сметка како наставниците да имаат поголеми примања, сега имаат можности на други начини да си ја зголемат платата, истакна министерката.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
-

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
-

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер
-

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
