Јаневска по случајот со повредениот ученик: Неопходна е секторска соработка, но и родителите да посветат внимание на своите деца

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со последниот случај со физичко насилство во основното улилиште „25 Мај“ во Ченто каде беше прободен со остар предмет 15-годишен ученик, апелира до родителите да посветат внимание на своите деца. Вели државата ќе стори се што е во нејзина надлежност, но важна алка се и родителите во целиот процес.
- Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, ладното оружје го наоѓаат надвор. Оттука, неопходна е соработка со сите сектори кои се засегнати, но ги повикувам и молам родителите да посветат внимание на своите деца. Целата држава што и да направи, ако не се вклучат родителите, не може да постигнеме успех - изјави денеска Јаневска на прес-конференцијата во Министерството за образование посветена на Онлајн водичот за квалификации.
Министерката најави измени во Законот за основно образование со кои ќе се предвиди казна за родителот чие дете има насилно однесување во училиште.
- Во моментот разговараме со пратениците за да се формулира таа измена во законот, рече Јаневска.
Исто така, министерката останува на ставот дека треба да бидат лиценцирани и улилишните психолози и дека е потребна едукација и на наставниците за да ги забележат ваквите насилни однесувања.
- Постои закон во кој се вели дека секој психолог треба да е лиценциран. Тој закон не е влезен во имплементација. Веќе кажав дека ќе побарам да се лиценцираат и училишните психолози кои треба да направат стручни тимови и да работат со децата и со родителите и со наставниците во препознавање на тоа што се случува во училиштето, рече Јаневска.
Вели дека се додека има потреба и реалноста го покажува тоа, ќе се прават законски измени се со цел да се воспостави сигурна ученичка средина.
МИА
Ново на Сител
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
