Јаневска за случајот со Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет

Министерството за образование и наука (МОН) нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет, но Државниот просветен инспекторат (ДПИ) ќе постапува и ако се работи за избор во звање, рече денеска ресорната министерка Весна Јаневска.
Таа, како што изјави, е запознаена со случајот на лекарот Дарко Василевски кој јавно обвини дека има наводни нерегуларности и фаворизирање при изборот на кандидати на јавниот оглас за вработување на Медицинскиот факултет во Скопје.
-Да, веќе сум запознаена. Така како што сум запознаена, ако се точни информациите што сум ги добила, станува збор за вработување, а не за избор во звање. Јас јавно побарав да се достави претставка до ДПИ, но и доколку станува збор за избор во звање, ДПИ ќе постапува. Во однос на вработување на Медициснкиот факултет на специјалисти, МОН нема ингеренции, потенцира Јаневска, одговорајќи на новинарско прашање пред обраќањето на настанот во ДСУРЦ „Партенија Зографски“ по повод 23 Септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик.
Според МОН, Државниот просветен инспекторат може да постапи доколку има избор во наставно-научно звање на факултет.
-Во случајов се работи за вработување доктор на Институт и немаме ингеренции за постапување. Тука треба да постапи Државен инспекторат за труд, велат од МОН.
Докторот и приватен специјализант Дарко Василевски деновиве јавно реагираше за начинот и селекцијата при вработувањата на Медицинскиот факултет. Во знак на револт, најави и штрајк со глад.
Ново на Сител
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
