Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата

Предлог-законот за високото образование в понеделник ќе биде поставен на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) за дикскуија и давање предлози и сугестии. Тој е еден од пакетот три поврзани закони - покрај него, на ЕНЕР се очекува да бидат поставени и Законот за квалитет во високото образование и Законот за научно-истражувачка дејност.
-Во моментов интерес во академската заедница најмногу предизвикуваат критериумите за избор во звања, финансирањето на универзитетите и можностите за напредување на целокупната академска заедница, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на настан за европската образовна програма Еразмус+ на Економскиот факултет на УКИМ.
Таа најави и покачување на платите на наставниците во март, согласно четиригодишниот договор меѓу Владата и СОНК.
-Така како што сме се договориле, не само за оваа година туку во сите четири години, наставниците ќе добиваат зголемување на платата - мартовската плата, всушност во април, ќе биде покачена за 7,5 проценти, рече Јаневска.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
