Јанкуловска излезе од „Идризово“, последната година од казната ќе ја издржува условно
Екс министерката Гордана Јанкуловска од денеска е на слобода. По три години поминати во затвор за случајот „Тенк“за набавката на владиниот мерцедес, Апелација одлучи да и даде условен отпуст на Јанкуловска. Сопругот и адвокат на Јанкуловска за Сител вели, патот до оваа одлука не бил лесен, првично добиле условно ослободување на пет месеци, но истото го обжалиле. Последната година од казната ќе ја помине условно, со семејството и ќе може да се посвети на нејзината рехабилитација.
Јанкуловска продолжува со правна битка бидејќи се уште е активен предметот Тврдина во кој е обвинета за случајот со нелегалното прислушување и уништување на опремата. Ова дело според Илиевски е декриминализирано со новите измени во КЗ и ќе бараат поништување.
Јанкулоска во затворот посветено работела во библиотеката на женското одделение. При донесувањето на одлуката,било земено во предвид дека е мајка на петгодишно дете кое било лишено од мајчинска грижа како и примерното однесување додека ја издржувала казната во Идризово.
Според одлуката за условен отпуст на Апелација, до крајот на септември следната година, таа не смее да стори ново кривично дело.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
