Македонија
7. July 2017 - 17:19
Јавното обвинителство поднесе обвиненија за 8 лица за кражбата во НЛБ Тутунска
По три месеци истрага обвинителството поднесе обвинение за најголемиот грабеж од трезорот на Тутунска банка. Осум лица, според досегашните постапки во предметот биле вклучени во кражбата тешка 3 милиони евра. Четворица од обвинетите биле директно вклучени грабежот, а останатите како што бара обвинителството ќе одговараат за несовесно работење со што го овозможиле делото. Влечењето на парите не траело пет како што првично утврди МВР туку десет дена.
- Обвинителството утврди дека во периодот од 31.03.2017 година до 08.04.2017 година, првите четворица обвинети опфатени во Обвинителниот акт, со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на работата во банката, противправно присвоиле парични средства во значителен износ од 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра. На 10.04 2017 била извршена кражба и на 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра, пишува во соопштението од ЈОРМ.
Обвинителот од судот бара продолжување на мерката притвор за првите тројца обвинети кои веќе се зад решетки и продолжување на мерките за обезбедување на останатите петмина. Првите четворица, пососчуваат од обвинителството се соочуваат со казни од неколку месеци до десет години затвор за двете дела кои се ставаат на товар, додека остатаните може да заработат казна до максимум 6 години зад решетки.
Обвинителството побарало да продолжат и мерките забрана за вршење на трансакации а дополнително побарано е и привремено одземање на имот за едно од лицата, со цел обезбедување на средства и забарабна за располагање со подрвижни средства во негова сопственост.
Од обвинителството потврдуваат дека најголемиот дел од обвинетите се вработени во Тутнска банка, но засега не ги откриваат одговорните позиции на кои работеле.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
