ЈО: Кривична пријава против татко и две ќерки за тешка телесна повреда на жена од Дрење

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска е доставена кривична пријава против татко и две ќерки поради сомнение дека ѝ нанеле тешка телесна повреда на жена од селото Дрење.
– Пријавени се дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и и се заканувале. Кога ја турнале на земјата оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата – стои во соопштението
Пријавата е поднесена за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот законик. По неа се постапува во редовна постапка, а дејствијата се преземаат итно за што побрзо да се донесе јавнообвинителска одлука. Наредено е вештачење за видот и карактерот на повредите, а се обезбедуваат и други докази.
Надлежниот јавен обвинител проценува дали да предложи мерки за претпазливост, земајќи ги предвид претходното однесување на пријавените и другите постапки што се воделе или сè уште се водат против нив.
МИА
Ново на Сител
-

Финансиската полиција откри даночно затајување од над 1,6 милиони евра
-

„Вратете ги без страв од осуда“ – Украдена Пресветата Причест од католичка црква на Бит-пазар
-

Фон дер Лајен: ЕУ ја продолжува максималната поддршка за Украина
-

Од вечерва до недела облачно и студено со врнежи од дожд и снег
-

Британците од идната година ќе можат да купуваат автомобили преку платформата на „Амазон“
-

По пријави од граѓани, Министерството за финансии казни две финансиски друштва и им забрани да одобруваат кредити
-

Во Белград уапсен сопственикот на „Информер“ Драган Вучиќевиќ
-

Реал со пресврт до убедлив триумф над ПСВ Ајндховен
