ЈО: Тројца обвинети за илегална трговија со дрога и амфетамин во Скопје
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Двајца од обвинетите се гонат за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во временскиот период од почетокот на ноември до средината на декември 2022 година, со умисла вршеле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тие неовластено продавале наркотична дрога – марихуана и психотропна супстанца – амфетамин на зависници во Скопје. Третиот обвинет се гони за соизвршителство при последната продажба.
Имено, на 25 декември, во атарот на селото Катланово во Скопје, тројцата обвинети заедно, неовластено организирале и заради продажба држеле психотропна супстанца – амфетамин во вкупна нето маса од 7.044,4 грама, која првиот обвинет ја понудил на продажба за сума од 15 000 Евра.
Кога се сретнале за да се реализира продажбата, другите двајца обвинети стоеле во непосредна близина за да известат доколку забележат движење или присуство на полиција. При полициска акција, координирана од надлежниот јавен обвинител, обвинетите биле затекнати и се обиделе да избегаат. Сепак, полициските службеници ги лишија од слобода тројцата обвинети, а психотропната супстанција ја запленија.
Како дел од истата операција, во тек е постапка против уште едно лице, осомничено за помагање при извршување на кривичното дело, додека со едно осомничено лице кај кое беше откриено помало количество дрога вчера беше склучена предлог-спогодба со која тоа го признава делото.
Ново на Сител
-

Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи
-

Владата на Тајван по предупредувањето од Трамп: Островот е независна нација
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
-

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето
-

Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција
-

Врховниот суд на САД го отфрли барањето на демократите од Вирџинија за прераспределба на изборните единици
