Loading Video...
Кошарка
23. October 2022 - 14:06
Јокиќ го израмни рекордот на Чемберлен
Од кошаркарската НБА лигата издвојуваме два натпревари.
Србинот, Никола Јокиќ со трипл-дабл 19 поени, 16 скокови и 13 асистенции го предводеше Денвер од победата со 122-117 против Оклахома.
За Јокиќ тоа беше 78-ми трип-дабл во кариерата со што се израми на вечната листа со легендарниот Вилт Чемберлен. Инаку само пет кошаркари во историјата на НБА лигата ја имаат минато границата од 100 трипл-дабл учиноци.
Натпреварот меѓу Далас и Мемфис го одбележа дуелот на нивните први ѕвезди. Лука Дончиќ со дабл-дабл со 32 поени, 10 асистенции, на што придодаде и 7 асистенции го предводеше Далас со убедлива победа со 137-96.
На спротивната страна Џа Морант средбата ја заврши си 21 поен, 4 асистенции и 1 скок.
На останати натпревари беа постигнати следниве резултати:
Филаделфија – Сан Антонио 105-114
Индијана – Детроит 124-115
Орландо – Бостон 120-126
Чикаго – Кливленд 96-128
Мајами – Торонто 112-109
Милвоки – Хјустон 125-105
Сакраменто – Лос Анџелес Клиперс 109-111
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->