-->
-->
Јокиќ постави рекорд во НБА
-->

Центарот на Денвер Hагетс, Никола Јокиќ постави рекорд во НБА за постигнати поени во трипл-дабл.
Триесетгодишниот српски кошаркар постигна 61 поен рано утрово на натпреварот против Минесота. Тој имаше и 10 скока и 10 асистенции. Ниту еден играч досега не забележал трипл-дабл со толку постигнати поени.
Воедно, Јокиќ постави и нов личен рекорд во постигнати поени на натпревар во НБА-лигата.
Сепак Денвер го загуби натпреварот со 140:139 по продолжение.
Тимот од Колорадо е трет во Западната конференција на НБА. Минесота е на седмото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
-

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци
-

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска
-

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида
-

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
