ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија

Екипите на ЈП Комунална хигиена - Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија, информираат од јавното претпријатие.
Локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, како што велат од ЈП Комунална хигиена - Скопје претставува „црна точка“ каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини.
-ЈП Комунална хигиена - Скопје во текот на своите последни активности на оваа локација отстрани приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад. По подигнувањето на отпадот беше извршено машинско миење на просторот со употреба на автоцистерна. Втората поголема интервенција за расчистување диви депонии беше реализирана во Старата скопска чаршија, каде што беа подигнати 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градинарски и кабаст отпад во непосредна близина на културно-историскиот локалитет Куршумли ан, кој претставува културно наследство од особено значење за државата, се вели во сооштението од јавното претпријатие.
Само во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена - Скопје подигнале и транспортирале 575 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.
Секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови, потсетуваат од ова јавно претпријатие, претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загрозува животната средина и јавното здравје.
МИА
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
