ЈП „Комунална хигиена“: Ставени во употреба новите специјални комунални возила

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје информира дека започна употребата на новите специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини, што претпријатието ги стекна преку донација од Министерството за транспорт и Градот Скопје.
Станува збор за камиони со зафатнина од 21, 17, 8 и 3 кубни метри, автоцистерни наменети за машинско миење на улиците, како и специјализирани метларки наменети за машинско метење.

Преку ставањето во употреба на новите специјални комунални возила, од ЈП „Комунална хигиена“ посочуваат дека се очекува значително да се зголеми ефективноста и ефикасноста на извршувањето на оперативните активности на претпријатието на терен.
ЈП „Комунална хигиена“, се вели во соопштението, продолжува и со поставувањето на новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, а досега е извршена замена на приближно 500 контејнери. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, вршат и рачно миење на сите локации каде што се поставуваат новите садови за одлагање на отпадот.
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 960 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.
Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 210 кубни метри отпад од диви депонии.

Во истиот период, подигнати и транспортирани се 3150 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.
Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 23 записника за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота.
Најголем број на записници – вкупно 12, биле врачени на територијата на скопската општина Чаир.
МИА
Ново на Сител
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
