Македонија
12. August 2025 - 13:46

ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење

Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Оттаму наведуваат дека енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, а како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот.

- ЈП Водовод и канализација Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци и доколку забележат било какво истекување на вода, да ги пријават на еден од следните контакти: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; - kontakt@vodovod-skopje.com.mk - www.vodovod-skopje.com.mk, стои во соопштението.

 

МИА