ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција

Надлежните служби на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги спроведуваат сите неопходни проверки и ќе биде утврдена точната причина за пожарот со кој претпладнево беше зафатен автобус наова јавно претпријатие кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно - велат од ЈСП „Скопје“. Во пожарот нема повредени лица и не ја зафатил парк-шумата „Водно“. Спречена е негово ширење благодарение на брзата реакција на возачот.
- По повод информациите дека автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, ја информираме
јавноста дека нема повредени лица. Во мигови кога секоја секунда е драгоцена, возачот реагирал брзо, присебно и одговорно. Веднаш ги презел сите неопходни мерки и со својата навремена реакција спречил многу посериозни последици, поголема материјална штета и проширување на огнот кон околниот простор. Изразуваме искрена благодарност до возачот за покажаната храброст, смиреност и професионалност. Безбедноста на патниците е и секогаш ќе биде наш највисок приоритет. Нема поважна обврска од грижата за човечкиот живот и затоа секој ваков настан го третираме со највисоко ниво на сериозност и одговорност. Ја информираме јавноста и дека пожарот не ја зафатил парк-шумата „Водно“ и дека е спречена опасноста од негово ширење. Надлежните служби веќе ги спроведуваат сите неопходни проверки. Ќе биде утврдена точната причина за пожарот, а јавноста навремено и целосно ќе биде информирана - соопшти ЈСП „Скопје“.
Во гаснењето на пожарот учествуваа две возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита. - Благодание на брзата реакција и присебноста на возачот кој го паркирал на соодветно место, пожарот не се проширил во околината, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на Град Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
-

Бубрежна хронична болест, гојазност и дијабет – коморбидитети кај починатите од западно-нилска треска
-

Камионџиите повторно на протест - 30 отсто од капацитетите веќе не сообраќаат редовно
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
