Loading Video...
Кошарка
11. April 2018 - 11:00

Јута го порази шампионот Голден Стејт со 40 разлика

Претпоследниот дел од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата донесе шест натпревари. Во нив најголемото изненадување го направија кошаркарите на Јута кои пред својата публика го совладаа шампионот Голден Стејт со дури 40 поени разлика 119-79. 

Ова е најголемиот пораз на актуелен шампион во последните 12 години.  Донован Мичел со 22 поени беше најефикасниот играч во победничкиот тим додека Клеј Томпсон со 23 поени не можеше сам да им помогне на „воините“ да го избегнат овој дебакл. 

Филаделфија продолжија со фантастична серија на победи, па откако синоќа гја совлада Атланта со 121-113, стигна до 15-тата победа во низа поставувајќи нов тимски рекорд.

 Хјустон славеше на гостувањето во Лос Анџелес кај Лејкерс со 105-99 и го заврши регуларната сезона  како најдобар тим.

Ноќеска ќе се одиграат последните 12 натпревари од регуиларниот дел, а најинтересниот ќе се игра во Минесота каде гостува Денвер. Победникот од овој меч ќе биде последниот тим кој ќе обезбеди пласман во плејофот.