Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа, ќе дејствуваме како една тупаница
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека на состанок со началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, и други високи офицери го разгледал воениот план за окупација на градот Газа.
„Тајмс оф Израел“ наведува дека не денешниот состанок беа наведени главните принципи на операцијата за освојување на градот Газа и други области од палестинската енклава, каде што Израел сè уште не добил целосна контрола, а овој план претходно неделава беше одобрен и од израелскиот безбедносен кабинет.
„Израел е решен да го победи Хамас во Газа, да ги ослободи сите заложници и да ја заврши војната“, рече Кац во соопштение од неговиот кабинет.
Тој додаде дека „ИДФ (Израелските одбранбени сили) ги мобилизираат сите свои сили и се подготвуваат да ја спроведат одлуката на кабинетот со голема сила“.
„Ќе дејствуваме како една тупаница сè додека мисијата не биде завршена“, рече Кац.
МИА
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар
-
Презентација на нови 29 лесни оклопни возила за Армијата
-
Вкупно 29 пожари на отворено изминатите 24 часа, два сè уште активни
-
Германскиот канцелар го повика Путин да започне сериозни преговори со Трамп на Алјаска
-
Трамп и Путин денеска во Енкориџ, на Алјаска, ќе разговараат за војната во Украина
-
На протестите синоќа низ Србија повредени 42 полицајци, 37 луѓе приведени
-
Без струја денеска делови од Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода
-
Сончево со температура до 36 степени, нестабилно време за викендот