-->
-->
Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-->

Кавадаречката полиција синоќа привела 34-годишен кавадарчанец кај кого припретрес пронашла бела прашкаста материја и пари.
- На 05.09.2026 во 22:45 часот, за време на одржување на манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода К.М.(34) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава - соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
