Како ќе се реформира администрацијата ако се отвора можност за нови етнички и партиски вработувања?
Со новите законски измени за реформи во администрација повеќе нема да може да се злоупотребува националната припадност при вработувања во јавните служби тврди министерот за информатичко општество. Кандидатот при вработување кога еднаш ќе впише национална припадност повеќе нема да може ја менува.
Тоа значи дека кандидатот кој ќе аплицира за одредена работа, откако еднаш ќе селектира националност Македонец, Албанец, Турчин или друга националност, истата нема да може да ја промени, како што е ситуацијата со ЕМБГ, што не може да се промени
Алити уверува дека на тој начин нема да може да се злоупотребува алатката балансер како што тоа се правело до сега. Министерот не отстапува од ставот дека во алатката не се потребни измени и покрај критиките од стручната јавност дека во балансерот не треба да се брои дијаспората и дека процентите на етничките заедници се погрешни.
Процентите се од методолигијата и останува иста од 2015г. Дали ќе останат и натаму нерезидентните? ДА.
Од синдикатот на УПОЗ реагираат дека на јавната расправа за законските измени за вработените во јавниот сектор и административни службеници не е ставен законот за високи раководни служни што според нив е и најголем проблем, бидејки токму на тие позиции се поставуваат партиски послушници а не професионалци. Дополнително нивните забелешки не биле вметнати во овие два закони.
Министерот тврди дека до крајот на декември ќе бидат готови и измените во законот за високи раководни позиции, за кои очекува поддршка од сите политички партии .
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
