Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
Скопје утринава се разбуди во чад од пожарот во Дрисла. Неподнослива миризба и во текот на денот се чувствуваше дури на неколку километри од депонијата. Според професорот Дејан Докиќ многу е важно да знаеме што точно е запалено за да се знаат можните последици врз здравјето. Доколку се работи за штетни гасови ослободени од пластика или индустриски отпад кој може да содржи оловни материи и амонијак тие предизвикуваат иритација на слузокожата на очите, носот и долните дишни патишта, објаснува пулмологот.
- Може да се манифестира со кашлица, печење, јадеж во пределот на овие органи, може да се манифестира со главоболка, кај некои може и опструкции да се јават, а кај некои може и вртоглавица, говориме за здрави испитаници. Посебно е штетно за одредени вурнерабилни групи, како што се малите деца, возрасните и лицата со хронични заболувања кардиоваскуларни, астма или ХООБ, каде може да дојде до акутно влошување на нивната состојба и тие пациенти да побараат медицинска помош во установа, изјави проф. д-р Дејан Докиќ, пулмоалерголог.
Пулмологот советува што да направиме за да ги ублажиме последиците врз здравјето од запалената депонија.
- Убаво да си го измијат лицето и деловите од кожата и слузокожата со вода обична, да ги затворат прозорите и доколку имаат еркондишни да ги вклучат зошто тие содржат хепафилтри кои барем малку ќе спречат да ги вдишуваме штетните материи од надвор, советува професорот Докиќ.
Професорот предупредува дека подолготрајната и непосредна изложеност на штетни гасови може да предизвика посеризни последици вклучително и појава на рак.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар