Калас: ЕУ мора да ги преиспита односите со партнерите кои ги поддржуваат Русија и Иран

Европската Унија мора да биде флексибилна и способна да ги преиспита своите односи со партнерите кои ги поддржуваат Русија и Иран, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, пред почетокот на состанокот на европските министри посветен на прашањата за развој.
-Доколку сакаме да бидеме геополитички фактор, мора да дејствуваме постратешки во однос на хуманитарната помош и трговијата, и да ги вклучиме безбедносните прашања во соработката со партнерите – додаде таа, нагласувајќи дека ЕУ мора да ги земе предвид сопствените интереси.
Калас коментираше дека мировните преговори за Украина се во застој и дека Русија мора да биде притисната да се врати на преговарачката маса, особено во момент кога не изгледа дека е во најсилна позиција. Според нејзините зборови, Кина одржува блиски односи со Русија и има улога да ја убеди Москва да ја запре војната.
Инаку, Калас дополни дека Украина може да ја очекува првата транша од заедничкиот заем од 90 милијарди евра на почетокот на јуни.
Таа истакна дека е добро што САД и Кина имаат заеднички став за потребата од обновување на слободната пловидба низ Ормуската Теснина. Кина има влијание врз Иран и се надевам дека Пекинг ќе разговара со Техеран за отворање на теснината, рече Калас, додавајќи дека излез од оваа криза може да се најде во преговорите меѓу Иран и САД.
МИА
Ново на Сител
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
-

Прилеп го доби првото официјално Собирно место за селекција и одлагање на отпад
