Калас ги повика земјите од ЕУ да ја задржат политиката на санкции кон Русија

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, вчера ги повика земјите-членки на Европската Унија да ја задржат санкциската политика кон Русија, во мигови кога во Унијата се разговара за евентуално укинување на санкциите против двајца руски олигарси.
Санкциите против Русија остануваат „јадрото“ на европската политика за вршење притисок врз Москва за прекин на војната во Украина, изјави Калас на прес-конференција во Њујорк, во рамки на Генералното собрание на ОН.
„Некои земји членки побараа одредени лица да бидат отстранети од списокот и токму затоа во моментов се водат овие разговори“, нагласи таа, изразувајќи надеж дека тие наскоро ќе завршат.
„Имаме јасна потреба од стабилност, а тоа значи санкциите да останат во сила подолго време. Затоа работиме и на нов пакет санкции“, додаде Калас.
ЕУ синоќа сепак не успеа да го потврди начелниот договор постигнат претходно во текот на денот за укинување на санкциите против двајца руски олигарси - барање што го упатија Франција и Луксембург. Според дипломати во Брисел, разговорите ќе продолжат утрово.
Начелниот договор треба конечно да биде потврден од сите 27 земји членки за да биде продолжен режимот на европските санкции против речиси три илјади физички и правни лица, обвинети дека ги поддржуваат воените дејствија на Русија против Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Победа и пораз на македонските репрезентации на шаховската Олимпијада
-

Мицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си ги менуваме институциите, некои земји сакаа да ни го сменат идентитетот
-

Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 32%, најниско ниво досега
-

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Калас ги повика земјите од ЕУ да ја задржат политиката на санкции кон Русија
-

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор за Црвеното Море и Украина
-

Во Србија почнува исплатата на еднократна помош од 6.000 динари
-

Променливо облачно и ветровито
